breast - онтологија

боска повеќе

мн. боски
Вид збор: Именка, женски род
Млечна жлезда, дојка, града, цицка кај жена.
Албански: gji, sisë
Употреба: Анатомија
Примери:
Во возбудата и набабреа боските од надојденото млеко.

града повеќе

мн. гради
Вид збор: Именка, женски род
Предниот дел од телото кај човекот и цицачите.
Српски: груди Албански: gji Бугарски: гърда
Употреба: Анатомија
Примери:
јуначки гради
Дојка, цицка кај жените.
Албански: gji
Употреба: Анатомија
Примери:
На сликата беше насликана една нимфа со огромни гради.

гради повеќе

градите
Вид збор: Именка, множина
Преден дел на телото помеѓу вратот и стомакот.
Албански: gjoks
Употреба: Анатомија
Примери:
Кошулата на градите му беше распетлана.

дојка повеќе

мн. дојки
Вид збор: Именка, женски род
Орган со млечни жлезди на градите кај жената и соодветен орган кај женките на цицачите.
Албански: gji, sisë
Употреба: Анатомија
Примери:
Најчесто задојувањето започнува со десната дојка.

цица повеќе

Види и: цицка (ж.)
мн. цици
Вид збор: Именка, женски род
цицка, дојка
Албански: gji, sisë
Употреба: Анатомија , Дијалектен збор

цице повеќе

Види и: цицка (ж.)
мн. цициња
Вид збор: Именка, среден род
цицка
Употреба: Деминутив
Примери:
Детето ми сака цице.

цициште повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(обично мн. цицишта) цица, дојка
Употреба: Аугментатив

цицка повеќе

мн. цицки
Вид збор: Именка, женски род
женска града
Германски: Zitze Албански: sisë, gji
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Го доеше детето, при што чувствуваше големи болки во цицките.
града на маж
Албански: gjoks
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
Момчето имаше белег под десната цицка.
млеко, дојка
Албански: sisë, gji
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мајчината цицка ја проколнуваше во тој момент.

циче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
цица